Филм на израелски режисер ја грабна "Златна мечка" на "Берлинале"

Филмот "Синоними" на израелскиот режисер Надав Лапид освои "Златна мечка" за најдобар филм од Берлинале, соопштија медиумите.

 

Филмот раскажува за млад поранешен израелски војник кој бега во Париз со контрадикторни чувства кон татковината.


Германката Ангела Шаланек доби награда "Сребрена мечка" за најдобра режија на филмот "Бев дома, но" ( "Ich war zuhause, aber"). Шаланек е една од рекордните седум жени режисерки, вклучени во трката оваа година, од вкупно 16 филма.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.