Концерт во Македонската филхармонија насловен „Моја љубов“

Македонската филхармонија вечерва го одржува концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.

 

„Моја љубов“ требаше да се одржи на 14 февруари, но се одложи за вечерва поради трагичната сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост во земјава.

 

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, ќе бидат изведени популарни теми, инструментални, но и вокални композиции кои се искористени во култни филмски остварувања, а кои пејат за љубовта, страста, вљубеноста…

 

Како солисти ќе настапат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).

 

Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции, филмски теми.

 

За оригиналните оркестрации, специјално направени за овој настан, се погрижи македонскиот врвен композитор Владимир Николов.

 

Музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.