Промоција на книгата „Воздигање над облаците“ од проф. Ѓорги Филипов

Промоција на книгата „Воздигање над облаци” на проф. д-р Ѓорѓи Филипов, ќе се одржи денеска напладне во кино Култура, Скопје.

 

Промотор на книгата ќе биде писателот Милован Стефановски, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Македонија.

 

Ѓорѓи Филипов е доктор по технолошки науки. Дипломирал на Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 1981 година, а докторирал 1998 година на истиот Универзитет. Беше амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) и Австрија (2010-2014).

 

Во моментов е актуелен и како единствен кандидат кој се јави на партискиот оглас на владеачката СДСМ за изборите за претседател на државата што ќе се одржат во април.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.