Хуманитарна активност за обнова на црквата ,,Св.Спас" во Владимирово

Музичарот Горан Алачки и уметникот Живко Поповски – Цветин во четврток и петок оваа недела ќе организираат ликовно-музичка донаторска работилница во Берово.
 
Целта на работилницата е да се соберат средства за обнова на црквата „Св. Спас" во село Владимирово која пред пет години изгоре во пожар.
 
 
Според Алачки, кој е потекло од Берово, во рамки на овој настан секој би донирал колку може.
 
 
-Секој од посетителите ќе може во донаторските кутии што ќе бидат поставени во ресторанот на Хотел Манастир да донира макар симболични 10, 50 или 100 денари, за една убава слика од Цветин што знаеме колку вреди, истакна Алачки.
 
 
Општината ги поканува сите хумани граѓани на 21 и 22 март да дојдат во Берово и заеднички да уживаат во прекрасните звуци на Алачки проткаени со уметничките дела на Цветин и да помогнат во напорите за возобновување на опожарената црква. 
 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.