Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје

Акцијата ,,Плати со поезија” на Јулиус Мајнл денеска се одржа по 5-ти пат, по повод Светскиот ден на поезијата 21 март  на 8 локации во Скопје.

 

Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, оваа година се одржува во 40 земји. За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл.

 

Само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година. Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem.

 

Осумте угостителски локали во Скопје во кои заинтересираните можа да платат кафе со поезија годинава се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

 

За оваа акција, Македонија е една од ретките зимји во која најголемата поддршка доаѓа од самите поети и писатели. Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески се дел од тие кои што ги водат сите кон пишаниот збор, мотивирајќи ги да ги исполнат своите животи со стихови и проза, убавини и среќа.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.