Добитник на наградата „Златен венец" на СВП романката Ана Бландијана

Романската поетеса Ана Бландијана е лауреат на годинашниот „Златен венец" на Струшките вечери на поезијата. Таа се вбројува меѓу најдобрите современи европски поети ѝ припаѓа на поетската генерација од 1960-тите години и е заслужна за афирмацијата на модернизмот во романската литература и поезија.

 

Одлуката Бландијана да биде годинашен венценосец на СВП денеска ја соопштија директорот и претседателката на Управниот одбор на поетскиот фестивал, Тодорче Тасевски и Елизабета Шелева, а на прогласувањето присуствуваше и романскиот амбасадор во земјава, Виорел Станила.

 

Во беседата за Бландијана и за нејзиното творештво, Шелева рече дека таа е и борец што стои на страната на правдата и вистинските вредности. Ана Бландијана е авторка на 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и на еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и е претставено во 80 книги поезија и проза.

 

„Златниот венец" на Ана Бландијана ќе и биде врачен на меѓународниот поетски митинг „Мостови" на затворањето на Струшките вечери на поезијата. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.