Нов фестивал „Биди дете“ во рамки на Саем на книга од 8-12 мај

Овогодинешниот Саем на книга кој ќе се одржува од 8-ми до 12 мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе биде збогатен за уште една нова содржина. Станува збор за првиот меѓународен фестивал „Биди дете“ во организација на издавачката куќа „Феникс“, фондацијата „Македонија презент“, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност и здружението „Интеракција плус“.

 

На овој фестивал рамноправно ќе учествуваат и децата и возрасните, а за таа цел се распишани два конкурса, за најдобра ликовна творба и најдобра литературна творба на тема „Биди дете“. Конкурсот е отворен и ќе трае до 30 април, а литературните и ликовните творби треба да се достават до издавачата куќа Феникс.

 

Проф. Христо Петрески, основач и директор на издавачката куќа Феникс и организатор на фестивалот вели дека идејата на фестивалот е да се збогати содржината за деца и да се привлече читателска публика уште од најмала возраст.

 

 

Предвидена е богата програма, и тоа: тркалезна маса на тема „Литературата за деца овде и сега“, ликовна изложба и работилница, гостување и претставување на домашни и странски писатели  и на деца литературни и ликовни творци, натпревар во рецитирање поезија за деца од Ванчо Николески, Васил Куноски и Видое Подгорец, доделување на меѓународните награди „Големиот  принц“ и ,,Ана Франк“, средба и претставување на илустраторот на изданија за деца и млади Миле Топуз, прогласување на најдобрите ученици читатели, прогласување на авторите на најдобрите есеи на тема „Писателите и книгите што најмногу ги сакам“, промоција на книгата „Кога големите беа мали“ и на изданијата „Чекор по чекор до правилен говор“ и „Како до правилно, брзо и лесно учење низ игра“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.