„Добро утро, госпоѓо" – концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

Златко Ориѓански и Бени Шаќири  вечер од 20.30 часот во Филхармонијата ќе одржат концерт на кој ќе ги изведат песните од албумот Добро утро, госпоѓо".

 

Нивниот прв заеднички концерт заедно со пријателите во Филхармонијата произлезе од долгогодишна соработка на двајцата музичари.

 

Соработката ја почнаа со „Си беше еднаш" и „Генерале", која стана дел од музиката за претставата Солун – град на духовина режисерот Слободан Унковски.

Продолжија со „Галена", „Анице" и со многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на вечерашниот концерт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.