Аудиција за играниот филм „Сестра" на Дина Дума

Кандидатите заинтересирани за улоги или статисти во играниот филм „Сестра" во режија на Дина Дума  може да се пријават на отворената аудиција која ќе се одржува денеска и утре од 10 до 18 часот во просториите на „Вардар филм".

 

Продукциите „Круг филм" и „Лист продукција" соопштија дека филмот е приказна за соочување на две најдобри другарки тинејџерки со  последиците од сопствените акции и е тест за нивното другарство.

– Ги повикуваме да дојдат сите кандидати заинтересирани за улогите во филмот, но и за статисти. Тие може да бидат на која било возраст или пол. Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видеопретставување, а ќе биде реализирана од кастинг-агенцијата „Гужва", соопштија продукциите на „Сестра", кој е  финансиски поддржан од Агенцијата за филм. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.