Бојан Стојановски најдобар оратор на натпреварот УКЛО ТРИВИУМ

 Бојан Стојановски, студент на Економскиот факултет во Прилеп е годинешен победник на натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ кој традиционално го организира Универзитетот „Св.Климент Охридски" – Битола.

 

На сцената во битолскиот Центар за култура, на тема „40 години УКЛО-дигитална (р)еволуција", се натпреваруваа 12 студенти.

 

Со одлука на универзитетска комисија, второ место на натпреварот во ораторство освои студентката Софија Трампевска од Предагошкиот факултет – Битола, додека третпласира е Димитар Врглевски, студент на Правниот факултет – Кичево.

 

За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО на најдобрите оратори им додели и парични награди, а на 9 мај ќе го претставуваат Универзитетот „Св.Климент Охридски" на државниот натпревар за оратори што ќе се одржи во Битола. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.