Балетската претстава „Шехерезада“ во МОБ

Националната опера и балет вечерва  ја изведува балетската претстава „Шехерезада“ на музика од Николај Римски Корсаков.

 

Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија.

 

– Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава  работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, соопшти МОБ.

 

Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.