Над 48.000 посетители на годинашниот Саем на книгата
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 15 Мај 2019
Над 48.000 лица го посетија 31-то издение на Саем на книгата, што се одржа од 8 до 14 мај оваа година, под мотото „31 година Читај со задоволство".
– Овој саем ќе го паметиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на Саемот на книгата, изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.
На 31. издание на Саем на книгата, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс