Отворена изложба и промоција на антологијата „Десет унгарски поети“ во Домот на култура Илинден

Од вчера па во наредните петнаесетина дена просториите во Домот на култура Илинден ќе ги красат сликите на академскиот сликар, Стефан Хаџи Николов.

 

Изложбата вчеравечер, во рамки на јубилејната 20-та литературна манифестација, ја отвори Ефтим Клетников, кој рече дека сликите се како излезени од сонот.

 

Ова е една од многубројните самостојни изложби во богатата уметничка кариера на реномираниот сликар, Стефан Хаџи- Николов. Тој како што кажа пред нашата камера, најчесто е инспириран од женското тело, па честопати го отсликува на платно.

 

Во рамки на манифестација, вчеравечер во Домот на културата, беше промовирана и антологијата „Десет унгарски поети“, во избор и препев на Паскал Гилевски. Промотивната реч ја одржаа амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс, и поетот Блаже Миневски. Како што нагласи унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс, изборот на песни и поети, е внимателно селектиран, и говори за едно од најплодните времиња на современата унгарска поезија, нагласувајќи дека преку творештвото на угарските поети, унгарската поезија прераснала во една од позначајните во светски рамки.

 

Писателот Блаже Миневски пак, рече дека со препевот на Паскал Гилевски, поезијата од унгарските поети, звучи моќно и помакедончено, како од „Македонските ридишта и котлини“.

 

 

Стихови од избраната унгарска поезија читаше Паскал Гилевски. МГС- Паскал Гилевски Комплетна уметничка завршница на настанот му даде и флејтистката од Унгарија, сопруга на амбасадорот Дукс, Жужана Ѓурина Дуксне.

 

 

 

Во знак на благодарност, градоначалникот на опшина Илинден, на амбасадорот Ласло Дукс, и на поетите Блаже Миневски и Паскал Гилевски им подари статуетка за особен придонес во културата на општина Илинден.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.