АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од своето постоење

Со концорт на  фолклорниот и хорскиот ансамбл, Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ денеска ќе одбележи 70 години од своето постоење.

 

Друштвото ќе одржи целовечерен свечен концерт, кој веќе посетителите секоја година го очекуваат, поради својата долгогодишна традиција што се покажа како манифестација која заслужува почит во месецот кој изобилува со настани од културата.

 

На концертот ќе настапи и народниот оркестар на „Мирче Ацев“, а солистка ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.

 

Во текот на следниот период предвидени се голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.