Саем на книги во Делчево

Најдобрите издавачки куќи со свои книги од денес до 27 мај ќе бидат застапени на мини саемот на книги кој започна во Делчево. Како што информираше директорката на Јавната локална библиотека „Илинден”, Билјана Петровска, на саемот ќе бидат застапени реномирани издавачки куќи од државата.

 

-Мини саемот на книги ќе биде сместен во читалната на библиотеката, а свои дела ќе изложат четири издавачки куќи, меѓу кои Матица Македонска, Арс Ламина, Македоника Литера и Просветно дело. Овој мини саем ќе биде отворен секој работен ден од 8 и 30 часот до 15 и 30 часот, рече Петровска.

 

Од библиотеката ги покануваат сите љубители на пишаниот збор да го посетат саемот и да си го купат своето омилено дело по екстра ниски цени.

 

Саемот се организира во соработка со општина Делчево, по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, ден кој е патрон на градот Делчево.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.