,,Стихувалки,, - фестивал на поезија за деца утре во КИЦ Скопје

По повод одбележувањето на 24 мај - Денот на македонските просветители светите браќа Кирил и Методиј, утре со почеток од 18 часот во КИЦ по вторпат ќе се одржи фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2019“.

 

На завршниот дел од литературната манифестација ќе се соопштат трите најдобри творби за деца од тројца автори на кои ќе им се врачат наградите. Проектот Стихувалки 2019 за првпат се реализираше минатата година и доживеа голем успех.

 

Оваа година на конкурсот кој беше објавен на 1 март и траеше до 21 март се пријавија околу 150 апликанти, од кои жири комисијата избра 79 поетски творби од 79 автори кои беа објавени во книга, публикација – Збирка „Стихувалки 2019“. Од нив, тричлената жири комисија направи избор на три поетски творби кои ќе добијат награди. Како што соопштија организаторите, фестивалот оваа година сам по себе стана Меѓународен. На конкурсот се пријавија автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска... кои испратија нивни творби на нивниот мајчин јазик, со превод на македонски.

 

На завршната манифестација на сите 79 застапени автори во Збирката со поетски творби за деца, ќе им биде врачено признание за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и примерок од книгата. На фестивалот со музички точки ќе настапат учениците од Пијанофорте и д-р Тереза Крцовска, како и други гости.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.