Поезија од Стефан Марковски објавена на кинески јазик

Поетски избор од Стефан Марковски е вклучен во јунскиот број од книжевното списание Chinese Language monthly, кое излегува еднаш месечно од 1952 година, вброено меѓу најзначајните и списанија со најдолга традиција во Тајван.
 
 

Преводот на 10 песни од англиски на кинески јазик го направи Тземин Итион Тсаи (1957), професор на Универзитетот на Азија во Тајван (Кина), поет, преведувач и редовен автор во списанието.

 

Поезијата на Марковски насловена „По трагата на белиот грифон" (繼白色格里芬之後е дел од рубриката „Избрани дела од современи меѓународни поети" каде досега во превод на Тсаи биле преведени и објавени 30-на светски поети.

 

Во изборот се интегрирани песни од последните две стихозбирки на Марковски, „По трагата на белиот грифон" и „Хипербог", вклучени и во македонско-англискиот избор Ветена Земја – Promised Land.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.