Спектакуларен концерт на Стинг во Скопје

Без ниту една минута задоцнување, точно како што беше најавено, на стадионот во Скопје се појави легендарниот Стинг.

 

На воодушевување на публиката ги отпеа најголемите хитови, Every breath you take, Fragile, Shape of my heart, Desert rose...и ја крена на нозе повеќе илјадната публика.

 

 

 

 

Еден час и четириесет минути траеше концертното уживање, на кое имаше публика од сите генерации. Гостин на концертот беше најдобриот гитарист од Македонија, виртуозот Влатко Стефановски, кој ја загреа публиката, а Јовано, Јованке им ја посвети и на ракометарите на Вардар, за освоената европска титула.

 

Меѓу останатите песни ги отсвири и Не си го продавај Кољо чифликот, Со заљубив едно моме... Ова беше второ гостување на Стинг во Скопје, овој пат како дел од неговата европска турнеја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.