Почина Кирил Ценевски, еден од најголемите македонски филмски режисери
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 17 Јуни 2019
Во Скопје денеска на 76-годишна возраст почина еден од најголемите филмски режисери во државата Кирил Ценевски.
Автор е на познатиот филм „Црно семе", кој е и негово филмско деби. „Црно семе" е приот македонски игран филм кој е наградуван на интернационални филмски фестивали, а со него Ценевски ги освојува и најважните награди на фестивалите во поранешна Југославија.
Погребот ќе биде утре на Градските гробишта во Бутел од 11 часот.
Од Друштвото на филмски работници најавуваат дека во следниот период ќе организираат настан за одбележување на ликот и делото на Ценевски.
Ценевски е роден на 28 јануари 1943 година во Крива Паланка. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје, а со киноаматеризам почнува да се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот„Цената на градот" во 1970 година. Во 1971 година, го режира филмот „Црно семе"
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс