Во Бигорски отворена изложба на древни носии од дебарско-реканскиот крај

Познатото македонско древно светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир денеска ја одбележа својата втора манастриска слава, Денот на раѓањето на светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

 

Манастирот беше преполн со верници уште од синоќа кога беше отслужено сеноќно бдение, а посетеноста беше уште поголема денесека кога со Светата архиерејска празнична литургија чиноначалствуваше Митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј.

 

Одбележувањето на манастирската слава беше збогатено со изложба на стари традиционални македонски носии од дебарско-реканската етнографска целина. Претставени се носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река,како и Мијаците Смилево,Крушево и Папрадиште.

 

Станува збор за 11 комплети најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. Изложбата ќе биде отворена два месеца,јул и август. Најголем број од носиите се невестински, но има и момински.

 

Изложбата поставена во манастирката галерија е плод на повеќегодишната соработка на бигорскиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.