Фестивал „Фолклорен мост“ во Струга

Со свечено дефиле низ струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост“.

 

На манифестацијата учествуваа 13 фолклорни ансамбли и друштва од земјава и соседството.

 

-Преку песна и игра околу 500 учесници кои ги претставија фолклорните традициии и културните особености на своите земји, истакна организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

 

На сцената, покрај домаќинот, КУД „Илинден“ одСтруга настапија и културно уметничките друштва „Бранко Радичевиќ“ од Стара Пазова, Србија, „Везилка“ од Прилеп, „Сијач“ од Загреб, Хрватска, „Дримкол“ од Вевчани, „Будуќност 1984 “ –Добановци, Србија, „Новаци“ од Новаци, „Цариброд“ од Димитровград, Србија, „Илинден“ од Демир Хисар и фолклорните ансамбли „Ѕуница“ од Скопје, „Неврокоп“ од Бугарија „Гоце Делчев“ од Битола и „Стив Наумов“ од Логоврди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.