Почна фестивалот на електронска музика „До Зора” во Истевник

Во делчевското село Истевник почна 8-то издание на фестивалот на електронска музика „До Зора”.

 

Основна идеја на фестивалот кој се враќа на првобитната локација во Истевник, како што информираше Димитар Димитровски од тимот на „До Зора”, е младите преку електронската музика да се оттргнат од секојдневието.-Оваа година се враќаме во Истевник, претходните години бевме на градскиот базен, но сметаме дека фестивалот како база треба да остане во Истевник и фестивалот од година во година да го надоградуваме. Главни гости годинава се диџеи од Романија, Србија и останатите се од Македонија. Главна ѕвезда на вечерта е Атма Оливер, кој слави 20 години од почетокот на својата музичка кариера, истакна Димитровски.

 

На „До Зора” настапува и млад музичар од Нови Сад, кој во рамки на електронските сетови вметнува елементи на виолина во живо.-За сите кои сакаат да бидат дел од настанот од 22 часот до 1 часот по полноќ, имаме организирано превоз од Делчево до Истевник, со што сите кои сакаат да дојдат можат да не посетат, додава Димитровски.Освен споменатите музички имиња на годинешното 8 издание на ,,До Зора”, настапуваат и Селестиал Интелиџенс, Кецман, Ониро и Морфера, музичари кои им се познати на љубителите на електронската музика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.