Изложба на слики од 56. интернационална Струмичка ликовна колонија во Куманово

Со почеток во 20 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, ќе биде отворена изложба на слики од 56. интернационална Струмичка ликовна колонија. Изложбата е во организација и координација на НУ „Антон Панов“ - Струмица.

 

Учество на оваа изложба зедоа 14 уметници од Бугарија, Полска, Грција, Србија, Русија, САД и од Македонија, кои создадоа дваесетина дела инспирирани од своето непосредно опкружување, како и од знаменитостите на градот Струмица. Како плод на добрата соработка меѓу центрите за култура од Куманово и Струмица оваа колонија во Куманово успешно се презентира во изминатите дваесетина години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.