Бесплатен влез на концертот на легендарните EGYPT

Најславните блуз бендови како Rolling Stones, The Beatles, The who, Kinks, Manfred Mann, Chuck Berry во шеесеттите ја доживуваат кулминацијата во музичките правци и се здобиваат со вљубеност кон блузот од страна на музикољубците. 

 

Блузот се уште живее во крвта на правите уживатели на музиката до ден денес. Музичкото досие на еден од најпознатите блуз музички состави во Велика Британија - EGYPT започнува во 1987 зачнат од Алан Фиш, Ерик Чипулина и Питер Кореа. Како нивни најголеми музички примери ги наведуваат: Led Zeppelin, Robert Johnson, John Lee Hooker, Jimi Hendrix, The Groundhogs, Bukka White, Elmore James, Howlin' Wolf, Budgie, ZZ Top. Она што зад себе им дава значење на блуз сцената е басистот Алан Фиш, кој пред EGYPT е дел од Bo Duddley, Manfred Mann, Chuck Berry, Billy Boy Arnolda, а долго време бил и дел од поставата на култните The Groundhogs. Заради тие заслуги Алан е примен и во Блуз Hall of Fame од страна на меѓународната Блуз Асоцијација со седиште во САД.

 

Легендарните EGYPT, вечерва настапуваат во Јавна соба со почеток во 21.30. Ќе имаат свој двочасовен концерт, а влезот за сите посетители  бесплатен.

 

Заедно со Алан, во Скопје доаѓаат и гитаристот и пејач Ерик Чипулина и тапанарот Питер Кореа, кои се исто така долгогодишни членови на The Groundhogs.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.