Концерт на Љубиша Кировски во рамките на Златна лира

В петок на 25 октомври, со почеток во 20:00 часот, Љубиша Кировски ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. На концертот премиерно ќе бидат изведени композиции за соло виолина и виола од авторите А. Пјацола, М. Трандафиловски, Х. Бибер, А. Дончев, Н. Паганини.
 

 

Љубиша Кировски дипломирал на ФМУ во Скопје во класата на проф. З. Димитровски, во чија класа и магистрирал со посебна пофалба cum laude. Повеќепати концертирал како солист со Македонската филхармонија, премиерно изведувајќи дела од македонски автори. 

Кировски делувал како концерт-мајстор во Македонската опера и Македонската филхармонија. Тој е редовен  професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и водач на гудачкиот квартет „Гајдов“. Од 2011 година Кировски е претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија - СМУМ.





Љубиша Кировски веќе 26 години настапува во дуо со својата сопруга Маја Шутевска Кировска. Од основањето до денес, дуото има реализирано бројни настапи надвор од Македонија: Хрватска, Србија, Полска, Италија, Швајцарија, Кипар, Бугарија, Англија, САД, Германија на бројни фестивали и камерни концерти. Во Македонија дуото настапило на фестивалите Златна Лира, Скопско лето, Хераклејски вечери, Есенски музички свечености, Денови на македонската музика, а секоја година настапува и со премиерна програма во Салонот 19,19. Во биографијата на Дуото Кировски се запишува и наградата на Ц.Е.И. (Централноевропската иницијатива) на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте во Италија. Дуо Кировски се добитници на наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања во 2003 година, наградата „Виртуози“ за најдобар камерен ансамбл во Македонија во 2013 години и на наградата „Георги Божиков“ доделена од страна на СОКОМ за континуирана успешна изведба и презентација на македонското творештво во 2014 година. Влезот на концертот е слободен.


 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.