Париз ќе бара помош од Москва за Нотр Дам

На Франција можеби ќе ѝ биде потребна стручна помош од Русија во обновата на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави амбасадорката на земјата во Москва.

 

„Пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на Русија што изрази загриженост за овој трагичен пожар. Ние формиравме агенција во Париз која работи на реставрација на катедралата Нотр Дам и таа ќе ја контактира Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Ние сме подготвени да повикаме експерти во Париз“, рече Силви Берман, пренесува ТАСС.

 

Познатата катедрала од 12. век делумно изгоре во голем пожар на 15 април. Кулата и голем дел од покривот беа уништени, додека остатокот од зградата како и уметничките дела и реликвии беа зачувани.

 

Причините за пожарот не се познати. Постои сомнение дека бил предизвикан или од краток спој во електричната инсталација или од запалена цигара.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.