Таксират и Д фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 11 Ноември 2019
Европските награди за најдобри фестивали (European Festival Awards) и годинава ги вклучија номинациите за Д-Фестивал и Таксират Фестивал во категориите: Д-Фестивал за најдобар мал фестивал, и Таксират за најдобар фестивал со средна големина и најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор, информираат организаторите.
Веќе неколку години по ред, двата македонски фестивала според гласовите на домашните и меѓународните фанови, со својата атрактивна програма привлекуваат сѐ повеќе публика и стануваат препознатливи како македонски музички брендови.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс