Награда „Ел ГРЕКО“ за најдобар уметник на „Арт Тесалоники 4“ на Мице Јанкуловски

Синоќа на „Арт Тесалоники 4“ каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог - ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ - керамики и слики“, Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник.

 

Куратор на изложбата е професорот Манос Стефанидис од Атина, кој за проектот ќе рече: Пабло Пикасо, легендата на модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски кој изложува во рамки на Остен Павилјонот на Биеналето во Венеција и е награден со највисоката награда „Лоренцо Ил Магнифико“ за животно остварување на Биеналето во Фиренца оваа година - ќе претстават керамики и големи сликарски композиции од Форма 3 на Јанкуловски на АртТесалоники 4.

 

Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог.

 

За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице ЈАНКУЛОВСКИ - сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани ова попладне во рамките на Арт Тесалоники 4.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.