„Орестија 1/4“ на репертоар во МКЦ

Во МКЦ вечерва со почеток од 20 часот во сала 25 мај, ќе се одржи изведба на претставата „Орестија 1/4“.

 

Претставата е дел од The Chorus Project - проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

 

Во претставата играат: Орест – Стефан Вујисиќ, Електра – Наталија Теодосиева, Хороводецот – Жарко Јовановиќ, Клитајмнестра – Драгана Лошкова, Ајгист – Димитрија Доксевски.

 

The Chorus Project е проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), а во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

Основната идеја на The Chorus Project е реобмислување на улогата на Хорот во античката трагедија Орестија од Ајсхил, во однос на денешниот социо-политички и културен контекст и тоа: што значи демократија во 21 век, што значи да се биде граѓанин, што значи Европа и „европската иднина”, како да се поврзат локалното и глобалното, што е индивидуалното наспроти колективното? Накратко, како да се претстави демократијата на сцена?

Иако е познато дека Орестија е трилогија, The Chorus Project, ќе се обиде да го обмисли и загубениот четврт дел, сатирската игра.

Проектот истражува како да се креира граѓански дијалог, оперирајќи на три основни нивоа:

1.Транснационално, помеѓу професионални уметници од четирите земји учеснички;

2.Локално, помеѓу професионалните уметници и граѓаните како дел од Хорот, во секоја земја поединечно;

3.Транснационално, помеѓу претставниците на Хоровите од секоја земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.