Светот ќе ја прослави 250-годишнината од раѓањето на Бетовен

Оваа година, светот ќе ја прослави 250-годишнината од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен, при што Бон и Виена ќе ја преземат централната манифестација, пишуваат медиумите.

 

Бон беше родно место на композиторот, а живеел во Виена. Прославата на годишнината веќе започна во Бон со настапот на Бетовенскиот оркестар на операта на 16 декември, ден пред роденденот на композиторот.

 

„До ден-денес, неговата музика допира, возбудува, инспирира и ги поврзува луѓето преку границите“, рече министерката за култура Моника Грутерс во говорот пред концертот.

 

Во Германија се планираат околу 1000 концерти, опери, изложби и конференции во текот на годишнината. Многумина се во Бон, каде Бетовен е роден на 17 декември 1770 година. За нив се очекува да бидат потрошени повеќе од 42 милиони евра. На 1 февруари е премиерата на операта Фиделио во Виена, каде композиторот живеел во почетокот на 19 век.

 

„Бетовенскиот маратон“ во Берлин ќе се одржи на 25 и 26 април. Тогаш, Берлинската филхармонија ќе изведува дела од композиторот 24 часа.

 

На 28 април, тим музиколози и компјутерски специјалисти во Бон ќе ги презентираат резултатите од нивниот обид да ја завршат недовршената 10-та симфонија на Бетовен со употреба на вештачка интелигенција.
На 16 мај електронскиот музички бенд Крафтверк ќе изведе концерт на отворено во Бон.

 

На 17 декември 2020 година, годината на Бетовен ќе заврши на пленарна седница во Бундестагот во Бон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.