Балетската претстава „Самсон и Далила“ денеска во МОБ

Денеска, 15 февруари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.

 

Приказна за страста, заведувањето, предавството и смртта.

 

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

 

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу „Доброто и злото“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.