Проекција на наградените филмови од „Астерфест“ во Кинотека

В петок во Кинотеката во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде прикажан дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој се одржа минатото лето во Струмица.

 

Програмата е составена од: рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, кој доби Старозлатен проектор, австрискиот краток игран филм „Доверба“ на Јулијана Нојхубер, кој доби Бронзена потковица, британскиот краток документарец „Последната бура“ на Лајам Сент-Пјер, кој доби Сребрена потковица.

 

Прикажан ќе биде и македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, кој доби Златна потковица.

 

Вкупното траење на проекцијата е еден час, а влезот е бесплатен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.