МНТ и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите

„Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6 март, НУ Македонски народен театар ги одлага закажаните претстави во овој период.

 

За продолжување со редовниот репертоар, МНТ дополнително ќе ја информира јавноста“, соопшти МНТ.Со исто соопштение се огласи и Театар „Комедија“.„Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6 март, НУ Театар 'Комедија' ги одложува закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар и дополнителните термини за откажаните претстави, Театар 'Комедија' дополнително ќе ја информира јавноста“.Македонскиот народен театар и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите до 6 март по препораката на Владата да се откажат сите јавни собири до 6 март поради коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.