Драмски театар ја откажа претставата „Луди за љубов“

Драмски театар ја откажа претставата „Луди за љубов“ што требаше да се одигра утре, 3 март, по препораката на Владата од минатата недела за откажување на сите јавни собири до 6 март како превенција од коронавирусот.

„Ве известуваме дека по препорака на Владата на РСМ, НУ Драмски театар Скопје ќе прекине со репертоарот до 6.3. што подразбира дека претставата 'Луди за љубов' за 3.3. се откажува. Билетите може да се заменат за друга претстава на билетара на Драмски театар Скопје“, соопштија од театарот.

Претходно, и МНТ и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите, исто така, до 6 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.