Снимен е првиот филм за коронавирусот

Снимен уште пред епидемијата да биде прогласена пандемија, филмот „Корона“ се фокусира на страв и расизам кон азиската популација предизвикан од коронавирусот во времето кога сè уште беше познат како „кинескиот вирус“ (the Chinese virus), пишува „Џакарта Пост“ и додава дека канадскиот режисер Мостафа Кешвари завршил со снимањето и филмот ќе почне да се прикажува наскоро, најверојатно на стриминг платформи.

Со оглед на тоа како Ковид-19 влијаеше врз животите на милиони луѓе ширум планетата, беше само прашање на време кога приказната за вирусот ќе стигне до светот на филмот.

„Холивуд репортер“ открива дека првиот филм за заразната болест е веќе подготвен за прикажување. Под режисерската палка на Канаѓанецот Мостафа Кешвари, Корона раскажува за стравот и расизмот инспириран од пандемијата.

„Идејата ја добив кога во лифт читав вести за кинески туристи кои биле нападнати, и си помислив дека ќе направам филм во лифт,“ објаснува режисерот Кешвари за „Холивуд репортер“.

Корона ја раскажува приказната за група соседи заглавени во лифт на почетокот на кризата Ковид-19. Шест луѓе од групата наскоро почнуваат да се сомневаат во седмиот - сосед Кинез - дека е заразен носител на болеста.

Покрај соседот Кинез, групата која се соочува со недостаток на простор во лифтот вклучува мајстор за лифтови, една возрасна жена, надмоќник во инвалидска количка, бремена жена, сопственик на зградата, и несреќен станар кој е во долгови.

Снимен минатиот месец во Ванкувер, Канада, филмот беше речиси завршен пред коронавирусот да биде класифициран како пандемија од страна на Светската здравствена организација, истакнува The Hollywood Reporter.

Коментирајќи го реалистичниот тон на драмата, режисерот забележува дека ги охрабрил актерите да импровизираат за филмот.

„Тогаш беше познат како кинески вирус, но сега секој може да го има, така што повеќе не е проблем само на една раса. Сега човечката раса треба да се обедини за да го победиме вирусот", истакнува канадскиот режисер.

"Вирусот не прави дискриминација, па зошто ние да го правиме тоа,“ додава режисерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.