Новата книга за деца од авторката на „Хари Потер“ ќе биде достапна бесплатно

Џ. К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која ќе биде објавена во делови на нејзината веб-страница од денес и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серија книги за детето волшебник кое и донесе светска слава.

Роулинг го напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да го објави за време на пандемијата, пренесува „Би-би-си“.

„Тоа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште за време на овие чудни, вознемирувачки времиња“, рече таа.

Поглавјата на „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од 26 мај до 10 јули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.