Филмаџиите се враќаат на работа

Во главниот град на Нов Зеланд имаше дополнителна возбудa изминатата недела откако холивудскиот режисер Џејмс Камерон и неговата екипа допатуваа за да го снимаат долго очекуваното продолжение на епскиот научно-фантастичен филм „Аватар“.

Филмот е меѓу неколкуте продукции што стартуваат во Нов Зеланд, кој започна да се отвора откако го стави под контрола новиот коронавирус, и сега се надева дека филмската индустрија ќе и ’даде поттик на нарушената економија.

Границите на Нов Зеланд остануваат затворени за странци, но владата им даде специјална дозвола на 55-те членови на екипажот кои работат на продолжението на „Аватар“ да долетаат во изнајмен чартер авион.

„Фактот дека можеме да започнеме порано од некои земји е многу битен, иако е вознемирувачки да се види дека пандемијата е сè уште предизвик низ целиот свет,“ изјави Анабела Шихан, извршен директор на Новозеландската Комисија за филм.

Планините, ливадите и шумите на Нов Зеланд, кои станаа познати по трилогијата „Господар на прстените“, привлекоа неколку големи филмски продукции во последниве години.

Околу 47 продукции беа во тек кога премиерката Јакинда Ардерн воведе рестриктивни мерки на 26 март за да го запре ширењето на коронавирусот.

Беше голем успех и вирусот е речиси елиминиран во Нов Зеланд, кој би можел да биде меѓу првите земји во светот што се враќа во нормала оваа недела, освен затворената граница, пишува “Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.