Македонскиот хип-хип документарец „Њујорк: Аџилак“ премиерно на „Синедејс“

Оваа сабота (19 септември) со почеток од 22 часот, на отворениот кино-парк Ибни Пајко во Скопје (позади Македонската Филхармонија) документарниот хип хоп филм „Њујорк: Аџилак“ ќе ја доживее својата македонска премиера, како дел од филмскиот фестивал Синедејс.

Режисер на 39-минутниот филм е Славчо Ковилоски, член на хип хоп групите Клан Исток и Браќа по крв.

Филмот е своевидно патешествие низ улиците на Њујорк, родното место на хип хоп културата. Сите тие културни влијанија, расни проблеми, и борби за права се прикажани во културна смисла. Главна цел е да се направи паралела помеѓу развојот на хип хопот во САД и во Европа, поточно во Македонија, каде хип хопот се појави на почетокот од 90-тите.

Овој документарец исполнет со музика од златното време на хип хопот и слики од гетата и местата каде се развиваше оваа култура даваат личен приказ за градот која ја доживеал авторот на филмот, кој пораснал со хип хоп културата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.