Ново издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но ќе биде одбележан со еден централен настан во Битола, што ќе се одржи денеска во Пациото на Музеј и завод на Битола.

На овој настан ќе се обратат покровителот на фестивалот, претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. За време на овој настан ќе има и обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински преку видеоврска, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Првиот програмски сервис на МТВ и на ФБ-профилот на фестивалот.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Видеообраќање до фестивалот се очекува да има и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум.

На настанот ќе биде прикажано и видео за новото кино „Манаки“ во Битола.

На централниот настан за одбележување на 41. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се очекува да присуствуваат и неколку амбасадори, филмски работници и дејци од културниот живот на земјата.

„На овој настан нема да има повеќе од 80 гости, кои ќе треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за однесување на присуство на манифестација на отворено, донесени од Владата. Ќе располагаме со маски, ракавици, средства за дезинфекција и ќе ја почитуваме пропишаната дистанцата. Пред влегување на секој од гостите ќе му биде измерена температура и сите оние кои ќе имаат зголемена телесна температура (над 37 Ц) нема да може да присуствуваат на настанот“, соопштија организаторите.

Влегувањето на гостите ќе се одвива од 17:45 часот до 18:30 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.