Распродаден концертот на Архангел

Првиот од низата концерти во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал, а и воедно првиот културен настан организиран во затворен простор, помина во најдобар ред и со максимално почитување на протоколот, информираат организаторите. 

Концертот на Архангел, со кој започна официјалната музичка програма на фестивалот, се одржа согласно протоколот за организирање на јавни настани во затворен простор. Огромна благодарност до публиката - драгите и верни пријатели на Таксират Фестивал, кои се придржуваа до мерките во текот на целиот настан и уживаа во настапот на едно од најголемите музички остварувања кај нас - Архангел. 
 

"Способноста да љубиме е највредното човеково својство"
 

Под мотото 30 години љубов, на бината на Таксират настапи Архангел, највлијателната фигура во културниот живот на нашите простори. Со целовечерен концерт, на кој беа изведени дури дваесет и седум песни, ни приреди едно ново, необично и досега невидено искуство. 

Врвните македонски музичари кои го придружуваа Вртев на сцената, направија познатите "Милион долари", "Чудесен свет", "Вина невина", "Сениште" и сите останати песни, да добијат уште поголем смисол и длабочина. 

Секогаш во чекор со времето и актуелната ситуација, Ристо Вртев, преку својата врвна поетска експресија, успеа да ја обедини публиката и да и докаже дека може да се ужива и во услови поинакви од вообичаените. 

*фотографии: Соња Ставрова





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.