Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол”

Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.

Филмот е приказна за 16 годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch - Nisi Masa, 2019.

Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот се снима на 16mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од Сервиа Филм.

Снимањето на „Северниот пол” ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица, а постпродукцијата во Будимпешта и Белград. Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.