Државниот архив слави 70 години постоење

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ) денеска (1 април) го слави своето 70-годишно постоење.

Свечената академија по повод овој јубулеј, ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, додека со видео порака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на Архивите и на архивските работници, како во нашата земја, така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.

На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето - 70 години Државен архив (1951-2021)“ во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив, низ најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.