(Видео) Хопкинс влезе во историјата на Оскарите, најстар оскаровец досега

Триесет години откако беше награден со Оскар за улогата на Ханибал Лектор во трилерот „Кога јагнињата ќе стивнат“, сер Ентони Хопкинс ја доби втората статуетка за најдобра главна машка улога - за улогата во „Таткото“.

Хопкинс со тоа стана најстариот оскаровец на 83-годишна возраст.

Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер за маестралната улога на човек кој страда од деменција во филмот „Таткото“.

Неговата победа беше најголемото изненадување на церемонијата. Се очекуваше Чадвик Бозман, кој почина на 43-годишна возраст минатиот август, да го освои Оскарот за најдобра машка улога во филмот „Црното дно на Ма Рајни“.

Можеби беше изненадување за самиот Хопкинс, кој не беше ниту во Лос Анџелес, ниту во Британскиот филмски институт во Лондон, каде што церемонијата беше следена во Велика Британија.

Joaquin Phoenix presents the Best Leading Actor Academy Award to Anthony Hopkins at the 93rd #Oscars pic.twitter.com/9E1dCnWXpg

— Joaquin Phoenix Updates (@jphoenixupdates) April 26, 2021

Се верува дека актерот бил во родниот Велс и немало можност тој да се појави преку апликацијата „Зум“.

Филмот „Татко“ ја доби и наградата за најдобро адаптирано сценарио - сер Кристофер Хамптон и Флоријан Зелер.

Тие го нарекоа Хопкинс најголемиот жив актер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.