Избор од поезијата на Славко Јаневски, ново издание на „Матица македонска“

Во рамките на јубилејот - Триесет години од основањето, „Матица македонска“ објави избор од поезијата на Славко Јаневски.

На страниците од изданието се застапени песни од сите фази од богатиот поетски опус на еден од нашите најзначајни автори, кој остави длабоки траги во развојните процеси на македонската литература.

Изборот на изданието го подготви Раде Силјан, кој во поговорот за книжевниот опус на знаменитиот деец констатира дека, во плејадата македонски писатели, името на Славко Јаневски зазема едно од челните места.

„Пројавувајќи се со подеднаков успех во повеќе жанрови тој создаде дела, кои и од историска и од тематски-естетска гледна точка имаат посебно значење за македонската литература и за стандардизацијата на македонскиот книжевен јазик“, се наведува во поговорот.

Славко Јаневски (Скопје 1920-2000) е автор на поетските книги: „Крвава низа“, „Пруга на младоста“ (заедно со Ацо Шопов), „Егејска барутна бајка“, „Лирика“, „Леб и камен“, „Евангелие по Итар Пејо“, „Каинавелија“, „Оковано јаболко“, „Астропеус“, „Змејови за игра“, „Песји шуми“ и др. За своето творештво добитник е на бројни национални и меѓународни награди, меѓу кои и на нарадите „11 Октомври“, „АВНОЈ“, „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“. Негови дела се преведени на поваќе странски јазици и се застапени во сите антологиски избори, објавени во Македонија и во странство во изминатите седум децении.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.