„Четири соби“ премиерно во Велешкиот театар

В четврток, 27 мај, со почеток во 20 часот, на големата сцена „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес, премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

Претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни, кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири соби на еден хотел.

Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов, а улогите ги толкуваат Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов.

Премиерната изведба на претставата ќе биде според сите здравствени протоколи, а првата реприза е закажана в сабота, 29 мај, со почеток во 20 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.