Почина унгарскиот аниматор Марсел Јанкович, творец на легендарниот Густав

Унгарскиот режисер и уметник Марсел Јанкович, авторот на бројни цртани филмови, како што е легендарниот Густав, почина на 80-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Роден е на 21 октомври 1941 година во Будимпешта и беше графички дизајнер, аниматор и филмски режисер.

Својата успешна кариера ја започна уште во 1960 година.

Во 1974 година доби номинација за „Оскар“ за краткиот филм „Сизиф“. Тој освои „Златна палма“ за краткиот филм „Борба“ во 1977 година на Канскиот филмски фестивал.

Освои и други вредни признанија, а на нашата публика и стана познат по цртаниот филм „Густав“, со кој растеа генерации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.