„Младите доаѓаат“ - концерт на Филхармонија со учениците од државните музички училишта

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.

На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (IIгодина, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (Iгодина, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (IIIгодина, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ -соло пеење (IIIгодина, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев - пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска).

Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води местро Сашо Татрчевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.