Рок легендите Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц (Студени Нозе) на третото издание на фестивалот “Skopje Unplugged”

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, “Skopje Unplugged”, го припрема своето трето издание, кое ќе се одржи во петок, (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот.

“Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба.

Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди Ван Гог. Уште позанимливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење.

Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари, Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе Бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на Студени Нозе.

Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарата во МКЦ, или електронски, со промотивна цена од само 500 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.