До август е продолжен рокот за финансиска поддршка за снимање на филмови

Филмскиот совет го продолжи вториот рок за пријава на конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм до 31 aвгуст.

На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (прв рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти, од кои 36 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 17 краткометражни (играни, документарни и анимирани).

Поддршка за реализација на мнозински долгометражни филмови добија дебитантските проекти на режисерката Косара Митиќ за проектот „19“ во продукција на „Црна мачка продукција“ и режисерот Марјан Гавриловски за „Мравките владеат со светот“ во продукција на „Тајм лапс“.

Ќе се снимаат и единаесет краткометражни играни филмови од кои 6 играни, 3 документарни и 2 анимирани.

Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 71.400.000,00 денари.

Резултатите се од конкурсот објавен во март годинава (прв рок на одлучување), додека по донесена одлука од страна на Филмскиот совет, продолжен е крајниот датум за пријава по вториот Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм односно истиот се продолжува до 31.08.2021 година.

„Република Северна Македонија во моментов е присутна на најзначајните меѓународни и европски фестивали, тоа е доказ дека несомнено треба да се поддржуваат младите и нивните дебитантски проекти. За време на Канскиот филмски фестивал бевме сведоци на коментарите и поддршката на колегите од регионот, но и пошироко, а се однесуваат на македонскиот филм, ќе цитирам: „Македонскиот филм е рамо до рамо со европската кинематографија“. Ова ни даде поттик дека можеме да се носиме со секој предизвик пред нас, сега и во иднина.„ - вели директорот Бојан Лазаревски.

Агенцијата за филм и понатаму продолжува заедно со сите автори и филмски работници да остварува успеси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.