(Видео)„Немирно време“ - деби сингл на „Луциден сон“

Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“.

Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, а миксот е на Гоце Кантар. Аранжманот е на „Луциден сон“.

„Немирно време треба да најави освежување и нов звук на македонската алтернативна музичка сцена, кој сигурно веќе подолго време недостасува. Оваа песна се обидува да го отслика времето во кое живееме, но истовремено е и мотив кој побудува надеж и желба за поинакво утре“, вели Костадин Стојаноски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.